Соопштение за јавност
Јасна е и силна пораката денеска. Тука од Битола, јасно и гласно кажуваме дека одиме напред, дека нема откажување од иднината. Нема откажување од надежта, од визијата, од желбата за подобро утре, од европска Македонија – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.
-Направивме и грешки, но една работа ја направивме апсолутно правилно, патриотски и државнички: ја поставивме визијата за европска иднина на нашата земја и одиме до крај со неа. Влеговме во НАТО и започнавме преговори со ЕУ после 17 години чекање. Но, бидете сигурни дека нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја. Затоа на државата и на граѓаните им е е потребна Европската Унија! На сите нам ни е потребна Европската Унија – посочи Ковачевски
-Нам не нѝ треба европскиот сон. Не! Нам нѝ е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, а не во некоја далечна иднина или никогаш. Нам ни требаат правилата и надзорот на ЕУ можеме да ги подобриме здравството, образованието и правосудниот систем.- рече Ковачевски
-Затоа ќе ви кажам дека ние, учиме од грешките, и имаме план како да изградиме функционален систем по правилата на Европската Унија. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. И со таа визија одиме до крај! Нема откажување од европската иднина на Македонија!
-Овие избори се клучни за иднината на нашата држава и на нашите деца и внуци. И овој пат тоа е навистина така. Од овие избори зависи дали ќе останеме вистинскиот пат кој води кон просперитетна, развиена и европска Македонија или ќе дозволиме Мицкоски и ДПМНЕ да нè заглават во калта на безнадежноста и безизлезноста. – беше дециден Ковачевски
-Затоа, тука од Битола, ве повикувам на претстојните избори да ги поддржите СДСМ и Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. – рече Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб во Битола.