fbpx

Димитров во Ѓорче Петров: Имаме обврска да ја осигураме нашата европска иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги заокружи активностите поврзани со кампањата за претсојниот референдум, со граѓанска трибина во Ѓорче Петров, во Скопје. Покрај министерот Димитров, обраќање пред граѓаните имаше и градоначалниот на град Скопје, Петре Шилегов.

Министерот Никола Димитров ја искористи шансата за разговор со граѓаните од општината, пред се на теми поврзани со референдумот, но и за локалните предизвици. Во тој правец, Димитров нагласи дека и локалните предизвици се блиску поврзани со нашите европски и евроатлантски аспирации. Во правец на претстојниот референдум, тој се осврна на неговата историската важност. На 30 септември пред нас имаме историска одговорност да обезбедиме посветла иднина за нашите идни генерации. Минатото е важно, но она што е поважно е сегашноста и иднината, и нашата обврска да осигураме подобар живот за сите нас, за нашите деца, за нашите внуци, за нашите идни поколенија. На 30 септември ќе испишеме историја. Овој датум ќе биде празник на иднината. – кажа Димитров. Тој исто така одговараше на прашања од присутните.

Денешната трибина беше воедно и последната активност на министерот Никола Димитров поврзана со кампањата.

 

 

Последни вести