Соопштение за јавност
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски во текот на денешниот ден беше во посета на Куманово, каде што покрај средбите со граѓаните учествуваше и на трибина на која се зборуваше за историската шанса пред која стоиме како држава , како и за тоа што значи членството во НАТО и ЕУ .
– Европската унија значи европски вредности. И најважната придобивка за Република Македоноја е што со станувањето членка на Европската унија ќе изградиме европски систем , со носењето на европски вредности во образованието, здравството, земјоделието, културата , економијата и сите сегменти на општественото живеење порача Спасовски од Куманово.
Спасовски порача дека во недела се носи историска одлука за државата и дека е потребно сите граѓани преку глас да дадат придонес за градење на македонската иднина во ЕУ и НАТО.
-На 30 септември треба да гласаме за иднината на оваа држава, на нашите деца, за просперитет и развој на Република Македонија. И затоа е многу важно, да направиме се и да ја расчистиме секоја дилема кај секој граѓанин. Недела е ден за гласање и ден за историска одлука. Одлука која трајно ќе остави печат на нашата иднина и иднината на нашата држава одаде министерот Спасовски.