fbpx

Силјановска ги навреди пензионерите споредувајќи ги со Мапет шоу, тоа е ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, Силјановска ги навредува пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

Ваков однос кон пензионерите е несоодветен, непримерен и омаловажувачки, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател.

Пензионерите не заслужуваат да бидат вака омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.

СДСМ во изминатиот период континуирано ги покачуваше, заедно со пензионерите изгради методологија со која пензиите ќе продолжат да растат, без чија било политичка волја.

Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра.

Минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од 2016 година.

СДСМ со новата програма предвидува се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старост на пензионерите.

Последни вести