fbpx

Во недела огромното мнониство ќе заокружи ЗА европска Македонија, од Мицкоски зависи дали ќе остане изолиран во своето однесување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во недела граѓаните носат историска одлука за нивната и иднината на државата.

Огромното мнозинство граѓани во недела ќе го искористи демократското право, нема да седат дома туку ќе излезат и ќе гласа на референдумот за иднината.

Како и да одлучат да гласаат граѓаните, тоа трајно ќе влијае врз нивниот живот, врз индината на државата и иднната на следните генерации. Граѓаните одлучуваат слободно и без притисоци на демократски референдум и ќе гласаат ЗА европска Македонија.

Надлежните институции работат професионало и посветено и гарантираат спроведување на фер, слободен и демократски референдум на кој ќе одлучуваат граѓаните. Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз процесот на гласање ќе биде соодветно санкциониран.

Од Мицкоски зависи да ќе продолжи да биде против иднината и ќе остане изолиран во своето деструктивно однесување.

Граѓаните се обединети и во недела масовно, слободно и без притисоци ќе гласаат за иднина во ЕУ и НАТО. Огромното мнозинство граѓани ќе заокружи ЗА европска Македонија.

 

Скопје, 27.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести