fbpx

Ковачевски: Поголеми плати и пензии, СДСМ направи многу за подобар живот, но мораме повеќе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На вечерашното отворање на промотивниот штаб на СДСМ во Куманово, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, порача дека со СДСМ сигурна е иднината во ЕУ, поголеми плати и пензии за европски животен стандард.

Ковачевски потенцираше дека во изминатите седум години СДСМ направи многу за подобар и подостоинствен живот во нашата Македонија, се зголемија просечната и минималната плата, а паралелно растеа и пензиите.

„Минималната плата денес е над 370 евра, просечната плата е над 650 евра. Иако ветивме 500 евра. Пензиите се за 6.400 денари повисоки од тоа што беа во 2016 година. Невработеноста ја преполовивме и ќе продолжиме да отвораме нови работни места, да ги стимулираме на домашните и странските инвестиции, бидејќи тоа е единствениот начин да имаме посилна, поконкурентна економија“, рече Ковачевски.

Во своето обраќање, Ковачевски порача дека СДСМ може и мора да направи повеќе и подобро за сите, и тоа ќе се исполни преку новата програма која обезбедува подобар животен стандард и економски раст.

„Имаме план и визија за иднината, и тие се реални и остварливи. Нашата изборна програма содржи реални и остварливи мерки. Програмата ќе биде пример за тоа како треба да се работи за да се обезбедат повисоки плати и пензии, посилна економија, уште повеќе работни места, уште повеќе средства за образование и здравство и за конкурентно земјоделство. Програма е издржана и ќе донесе економски раст и развој. Како што предвреме го исполнивме ветувањето 500 евра просечна плата, така и во наредниот мандат ќе обезбедиме просечна плата од над 1000 евра и минимална плата од 600 евра. Тоа Македонците, македонските граѓани го заслужуваат, ние еднаш ветивме и исполнивме,сега ветуваме и ова ќе го исполниме“, рече Ковачевски.

Говорејќи за новата програма на СДСМ, Ковачевски посочи дека поддршката за компаниите ќе биде најмалку 50% повисока од сегашните рекордни 100 милиони евра и до 2028 година ќе се зголеми на 150 милиони евраа, земјоделците ќе може да сметаат на нови, зголемени 750 милиони евра субвенции. СДСМ ги исполнува ветувањата и даваме сѐ од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести