Соопштение за јавност
Мицкоски изјасни се, сакаш ли да влезеш во ЕУ и НАТО како Македонец или ќе останеш сам и изолиран?
На шест денови до рефереднумот за иднината, Христијан Мицкоски не само што нема став за најважното прашање, туку упорно негира се што и носи добро на Македонија.
Мицкоски ги игнорира ЕУ и НАТО, не сака развој и не сака Македонија да оди напред.
Каде се видело лидер на најголема опозициона партија да не сака да си ја види државата успешна и напредна?
Референдумот на 30 септември е за интеграција во ЕУ и НАТО. Тоа го знаат сите и сите високи претставници на ЕУ и НАТО секојдневно упатуваат јасна порака дека прифаќањето на Договорот со Грција е услов за влез во ЕУ и НАТО и нема план Б.
Дека без прифаќање на Договорот влезот во ЕУ и НАТО нема да биде возможен во наредените години, можеби и децении. Секој политичар што го оспорува овој факт – лаже.
Јасно е дека Мицкоски нема план но Македонија има еден план, влез во ЕУ и НАТО.
Затоа Мицкоски треба да престане да внесува конфузија во јавноста и јасно да каже како ќе се изјасни на 30 септември,. Ако е толку слаб за да ја каже позицијата на партијата, треба да собере храброст и да ја соопшти барем сопствената одлука.
Мицкоски, Договорот го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет кој станува принзаен од целиот свет, вклучително и Грција и го расчитува патот за влез во ЕУ и НАТО.
Мицкоски изјасни се, сакаш ли да влезеш во ЕУ и НАТО како Македонец, со заштитен и гарантиран македонски идентитет, или ќе останеш сам и изолиран?
Скопје, 25.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА