fbpx

Оваа генерација ќе одлучи да бидеме граѓани на ЕУ, политичарите ќе мора да ја почитуваат и спроведат одлуката во Парламентот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Одлуката е сериозна и одговорноста се однесува на иднината на нашата татковина и нанашите граѓани. Да бидеме делод светот, а не сами в осветот. По 27 години, ред е да се интегрираме во ЕУ.Да го фатиме чекорот, да бидеме граѓани на ЕУ, повика премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина во Неготино.

Тој посочи дека 27 години политичарите говорат за НАТО и ЕУ, затоа што тоа се нашите стратешки определби и дека е дојден сега моментот за исполнување на тие аспирации.

-Се правеле политички калкулации зачување рејтинзи, а помалку се мислело на државата. Зарем желбата во 1991 година не беше да одиме напред? Не се исполнија очекувањата, затоа 27 години зборуваме за ЕУ и НАТО.

Како мал пазар тешко ќе опстанеме, можеме само заедно, правото и европските вредности ни требаат. Еден е животот, ајде да го живееме, повика претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој објасни дека договорот од Преспа ги остварува вековните аспирации на нашите претци.

-Оваа генерација мора да ја зграпчи оваа шанса, затоа што нема друга алтернатива, нема план Б. Ако ја пропуштиме може да чекаме во следните 50 години.
Борбата беше да имаме грутка земја признаена од цел свет, во којашто живее македонски народ признаен од цел свет, којшто зборува македонски јазик признаен од целиот свет. Тоа го имаме, рече премиерот, Заев.

-Должност е, кога ќе излезе мнозински народ и ќе гласа За, со огромно За на референдумот, ние политичарите да се поклониме и може само да ја спроведеме одлуката во Парламентот.

Овој народ секој пат бил за Македонија и за идните генерации. Си го знам народот. На 30 септември ќе гласаме за европско Неготино, За европска Македонија, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на граѓанската трибина во Неготино.

 

Последни вести