fbpx

ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.

Пратеникот на ДПМНЕ Антонио Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешна политика, законот, кој е доставен во собранието пред месец и половина.

Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот.

Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат.

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки.

Со овој закон се создава можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.

Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.

Последни вести