Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ нема план за иднината на државата, нема план за Македонија, не кажуваат за европските интеграции, единствено велат ќе видите после избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Алсат М Телевизија.
– ВМРО-ДПМНЕ нема план за Македонија, значи тие не кажуваат дали државата ќе напредува во европските интеграции, не кажуваат како ќе напредува во европските интеграции, ниту покажуваат било како план, тие единствено кажуваат ќе видите после избори. Ние сме виделе години кога ВМРО-ДПМНЕ барало и имало и 63 пратеника и гледате каде заврши државата, тогаш државата заврши со просечна плата 8 000 денари, ја промовираа државата како евтина работна сила. Имавме нарушени односи со сите соседни држави, ниту милиметар не напредувавме во европските интеграции, имавме нарушени меѓуетнички односи на само 100-тина метри од ова студио бевме сведоци како имаше протести, тепачки за една железна конструкција за која што се планираше да се прави црква, тоа беше се плански направено само за да може да се замајува јавноста со теми кои што влечат назад а не носат напред, рече Ковачевски.