Соопштение за јавност
Разногласието и отсуството на став на Христијан Мицкоски не смее да биде причина за најважното прашање за иднината на државата да се шират невистини.
Македонско -грчкиот договор го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност и никој нема да може да ги оспорува или негира.
Зошто само ВМРО-ДПМНЕ бега од тоа? Македонскиот идентитет да биде признаен од целиот свет, вклучително и од Грција?
Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско -грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет.
Со промените децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност, а согласно Спогодбата се дефинира дека ниедна страна нема територијални претензии кон другата.
Ќе се обезбедат и гаранции за непроменливоста на државните граници на Република Македонија.
Доколку навистина е за ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти матрицата на лажни вести и ќе даде поддршка на процесот што ја обезбедува македонската иднина.
Се уште има доволно време, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се приклучат кон мнозинството граѓани, да покажат одговорност и да го повикаат членството да излезе на референдумот и да гласа ЗА европска Македонија!
Мицкоски да го поддржи референдумот заради заштита на македонскиот идентитет и за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.
Скопје, 20.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА