fbpx

Шкријељ: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра се реално остварливи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фокусот на програмата на СДСМ за претстојните избори се граѓаните и понатамошно унапредување на животниот стандард на граѓаните, истакна пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Шкријељ нагласи дека економскиот тим работеше на утврдување на реално оставарлив раст на просечната и минималната плата.

Според пресметките на економскиот тим, реално остварливо е постигнување на просечна плата од 1.100 евра и согласно трендот на раст и движењата на платите досега, да завршиме на крајот на наредниот мандат во 2028 година со минималната плата со 600 евра, истакна Шкријељ, додавајќи дека според она што е сработено досега во делот на платите, економскиот тим дава добри прогнози.

Шкријељ наведе дека реално имаше скепса и за претходните најави за просечна плата од 500 евра, па беше надминато.

Она што е битно е што во изминатиот период се донесени повеќе системски решенија. Растот на минималната плата, што се случува во март секоја година, имаме нов општ колективен договор за целиот јавен сектор, којшто треба да стартува од 01.03.2025 година, којшто значи коефициенти и усогласување со растот на просечната плата, истакна пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести