Соопштение за јавност
Половина од граѓаните на кои им пристапил, одбиле воопшто и да разговараат со Христијан Мицкоски и неговите претставници, затоа што Мицкоски ја загрозува иднината на државата.
Граѓаните се цврсто определени за напредок, развој и интеграција во најсилните светски сојузи.
Мицкоски да се преиспита и да не помислува да ја ризикува иднината на Македонија, да не ја загрозува иднината на граѓаните.
Да размисли Мицкоски, да се охрабри и да одговори, пред себе, пред својата партија и пред целата јавност, дали ќе гласа на престојниот референдум ЗА македонска иднина во ЕУ и НАТО.
Се друго е неодговорно и несериозно и кон граѓаните и кон државата.
Скопје,13.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА