Соопштение за јавност
На денешната средба помеѓу претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и основачот и претседател на Српска странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ се потврди проширувањето на Коалицијата за Европска иднина.
Коалицијата за европска иднина е е коалицијата која ќе го обезбеди остварувањето на втората стратешка цел, членството на Северна Македонија во ЕУ и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда.
Коалицијата и членовите на истата поединечно се целосно посветени на европскиот пат и се залагаат за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи.
Коалицијата за европска иднина ја сочинуваат СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, Движеето Нова Република и од денес и Српска странка во Македонија.
Оваа проевропска колација целосно ќе се посвети на реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата.