fbpx

Димитров: Имаме силна поддршка од светот, стоиме пред едноставен избор, дали ќе одиме чекор напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров вчера беше во посета на Куманово и учествуваше во граѓанска трибина на која беа претставени придобивките од членството на земјава во ЕУ и НАТО.

Министерот Димитров пред присутните граѓани укажа на тоа дека Македонија има голема поддршка од демократскиот свет, проследено со охрабрување од ЕУ и НАТО за постигнатите досегашни резултати и храброста да се оди чекор напред.

„Голем дипломатски успех е она што се постигна за кратко време. Изнаоѓањето решение со двата наши соседи Бугарија и Грција е голем напредок за земјава, а притоа е заштитено она кое што е најважно, нашиот идентитет и јазик, го најдовме клучот за вратата позади која бевме заклучени со децении“ рече Димитров.

Димитров зборуваше пред присутните за тоа што значи да се биде дел од НАТО односно обезбедена безбедност и стабилност за државата и што значи да се биде дел од ЕУ односно неколкукратно зголемување на парите од фондовите кои што ЕУ ги дава на Македонија. Ако денес Македонија добива по 260.000 евра дневно како помош од Европската Унија, таа помош ќе расте со нашиот напредок кон Европската унија. Ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе се градат уште повеќе нови патишта, водоводи, канализации, училишта, за подобро утре на нашите деца.

– Бираме помеѓу едноставен избор , напред исправени или назад во чекалната со неизвесност дали и кога ќе ја има следната шанса -рече Димитров.
На референдумот не излегуваме за партија туку за државата. Не е за партијата, не е за градоначалникот , за државата е , за иднината на Македонија е! Напред ќе оди или ќе седи назад. Мора да ја биде Македонија! -порача министерот Димитров.

Трибината во Куманово заврши со повик до сите граѓани да излезат на 30 септември и да го дадат својот глас За Европска Македонија!

 

 

 

Последни вести