Соопштение за јавност
Во интерес на граѓаните и иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лажните вести и да се вклучи во процесите кои обезбедуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат макeдoнскиот иденитет и македонската посебност. Напротив, со Договорот македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен еднаш засекогаш и никој повеќе нема да може да го негира или оспорува.
Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.
Членството во ЕУ и НАТО е над сите политички партии, а обезбедувањето на македонскиот идентитет и македонската посебност е над сите дневно политички и меѓупартиски полемики.
Има време за дневна политика. Сега е моментот за обединување на сите политички субјкети во правецот на обезбедување на македонската иднина во ЕУ и НАТО, онаму каде што вистински припаѓа.
ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност, да го искористи моментот и да престане со лажни обвинувања и манипулации.
Време е ВМРО ДПМНЕ да даде поддршка на интеграцијата во ЕУ и НАТО и да ги повика своите членови да се вклучат, да излезат на референдумот ЗА европска Македонија.
Скопје, 04.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА