fbpx

Петров: Неприфатливо е МТВ да биде партиска експозитура на ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ лиферуваат лажни анкети, коишто со документи им се пробиени, дека тоа го прават за да го креираат јавното мислење, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, за „Слободен печат“.
Петров нагласи дека тоа е таа матрица, која мора да се промени кај ДПМНЕ.

МРТ во своето однесување е скандалозна и ако се потврдат наводите треба во моментов да повлече оставка на генералниот директор на МТВ, заради тоа што ставањето на националниот сервис, кој не постои од сега, кој бил еден од столбовите на македонската држава, во скутот на политичка партија е неприфатливо, истакна Петров.

Тој потенцираше дека неприфатливо е националниот сервис да стане партиска експозитура и да биде во служба на политичка партија.

Тие се плаќаат со пари од македонските даночни обврзници, и луѓето во националниот сервис не смеат да ги злоупотребуваат, водејќи конструирана политика на лажни кампањи, лажни анкети, со која сакаат, не да го оценат јавното мислење, туку да го креираат јавното мислење, бидејќи таа циркузијада, на секои два дена ќе излегуваме со анкета на националниот сервис е бедна, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

Во врска со претстојните претседателски избори, Петров истакна дека Пендаровски недвосмислено е на страната на евроатлантските интереси на државата и очекува убедлива победа на Пендаровски во вториот круг, по тесната разлика во првиот круг меѓу Пендаровски и Силјановска.

На Македонија и треба претседател кој е чесен, кој ќе ги критикува и своите и кој нема да се кочи, оние од неговите редови кои не се однесуваат достоинствено, кои направиле криминал, кои што се однесуваат на начин кој не е добар и за граѓаните и за државата да ги санкционира и да ги критикува, а Стево Пендаровски е таков човек, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, за „Слободен печат“.

Последни вести