Соопштение за јавност
Времето кога се нарачуваа случаи и пресуди, кога се монтираа судски процеси, кога судовите се злоупотребуваа за пресметки со неистомилсеници е завршено.
Денес судството во Македонија е независно, работи по закон и устав.
Македонија е правна држава во која правдата е достапна за сите подеднакво. Никој не е и нема да биде над законите и секој кој постапувал незаконски ќе мора да одговара за своите постапки, согласно законите.
Одговороност и правда мора да има!
Скопје, 04.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА