fbpx

Ковачевски: Со СДСМ имаме историски највисоко ниво на просечна и минимална плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во емисијата „Дуел за Македонија“, Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, говорејќи за економските состојби посочи дека во неговиот мандат како Претседател на Владата, се случи најголемата економска и енергетска криза, но благодарение на правилните политики предизвиците успешно се надминаа.

„Како економист, но и како социјалдемократ, знаев што треба да се прави. Прво мораше да обезбедиме доволно средства за најранливите категории на граѓани. Знаевме дека ќе има зголемена инфлација, бидејќи во услови на војна, постпандемично секогаш има поголеми стапки на инфлација кои на европско ниво достигнаа 20%, колку што беше и кај нас, дека мораме да имаме антикризни мерки и притоа да ги зголемиме платите и пензиите. И тоа и го направивме“, рече Ковачевски.

Притоа, Ковачевски посочи дека за да се заштити стандардот на граѓаните се донесоа најголеми пакети со антикризни мерки за граѓаните и стопанство во однос на сите земји во регионот што го потврди и Светската Банка и во време на криза се зголемија платите и пензиите.

„Јас знам дека на луѓето не им е лесно, знам дека денес имаме пензионери кои едвај врзуваат крај со крај. Знам дека има родители кои ќе легнат гладни за утре да имаат денар повеќе да им дадат на своите деца. Мене тоа ми е сè јасно. Но ние ја зголемивме просечната плата за 50%, во однос на она што беше во 2016 година. Минималната плата од 10.000 денари стана 22.500 денари. Пензиите ги зголемивме за 50%. Кај платите, минималната плата е неколкукратно зголемена во мојот мандат во однос на 2016 година. Во 2016 година, биле потребни четири минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка. Денес за првпат една просечна и една минимална плата покриваат потрошувачка кошничка, зошто? Бидејќи ние имаме највисоко историско ниво на просечна плата од 40.000 денари“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести