Соопштение за јавност
Овие избори се борба за патот кон ЕУ со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ. Никој нема дилема дека ние припаѓаме во ЕУ, и имаме јасен план како да стигнеме до таа цел до 2030 година. Она што сме го зацртале и политички сме го лобирале на секој состанок или средба во Брисел, е токму тоа, до 2030 година да станеме членка на ЕУ, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во поткастот Политиканти
Јас сум убеден дека повеќето граѓани не сакаат да се вратат во ретроградната власт на ДПМНЕ. Знаеме дека луѓето живеат тешко, и дека има негодувања во однос на многу теми, за се тоа сме свесни, ама сме свесни и дека граѓаните веруваат дека оваа Влада предводена од СДСМ и коалицијата може да ја испорачаат европската иднина. Па, никој не веруваше дека ќе станеме членка на НАТО, но тоа се случи, а истото ќе се случи и со ЕУ“, рече Маричиќ.
Во разговорот тој објасни и дека кога веќе Босна и Херцеговина ќе почнат преговори, Молдавија и Украина бараат материјали за скринингот, најмалку треба ние да стоиме во место.
„За жал има еден облак од лажни вести, дека имаме друга опција која е подобра. А, реално таква опција нема и ова треба да го сфатиме како наш пат и наша борба за ЕУ. Историјата не научи дека друга опција се само евтините трикови на ДПМНЕ, кое никогаш не било способно да се соочи со европските предизвици и блокади. Траумата од нашето вето од Букурешт ДПМНЕ го претвори во долготрајна државна политика, која наместо да не подучи дека што побрзо ни треба компромис, ние го одложивме за 10 години и го решивме во понеповолни услови за нешата држава“, потенцираше Маричиќ.
Кога е во прашање македонскиот јазик, тоа веќе е исполнето, а тука и договорот Фронтекс кој е потпишан на македонски јазик, одобрен од сите 27 држави вклучувајќи ја и Бугарија, да пишува македонски јазик, а во преговарачката рамка стои македонски јазик и тука нема дилема.
Ова е политичка борба за патот кон ЕУ или назад во изолација за која треба граѓаните треба да се изјаснат. Доколку се поверува во заблудата на ДПМНЕ дека ќе бидат конструктивни и ќе завршат работа, во однос на ЕУ, сметајте дека не чека уште 10-15 години нов период на изолација и пропаѓање, потенцираше Маричиќ.
Јас сум сигурен дека ДПМНЕ и нивата деструктивна политика нема да формираат Влада и дека ние, СДСМ ќе бидеме столбот.
Маричиќ се осврна и на лажирањето на анкетите, за кои рече дека се само индикатор за стилот на ДПМНЕ кој сме го осетиле на своја кожа. ДПМНЕ пумпа анкети во своја полза и ги пласира, и тоа го знаат сите, а сега само се верификуваше и се покажа на дело.