Соопштение за јавност
Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ мора да се надмине себеси, да покаже одгворност за историскиот момент и да ја стави иднината на државата и нејзините граѓани над дневната политика.
Прашањето за загарантирана македонска иднина во ЕУ и НАТО е поголемо од сите политички партии, прашањето за трајно обезбедување на македонскиот идентитет е многу поголемо и поважно од дневнополитичките полемики.
Сите политички партии, граѓани, граѓански здруженија, друштва, синдикати и сите останати кои се определени за обезбедена македонска иднина се соединија во Коалиција „Заедно за европска Македонија“. Коалицијата е отворена и натаму ќе се шири и добредојден е секој кој е ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет и јазик.
Иднината на Македонија и нејзините граѓани нема етнички, религиски и политички разлики, таа е иста за сите. Затоа, ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат, да ја искористат оваа историска шанса, да покажат дека се ЗА влез во ЕУ и НАТО, дека се ЗА европска Македонија.
Време е Македонија да ја зграпчи оваа долгоочекувана шанса, време е сите да бидеме едногласни во остварувањето на нашите стратешки и национални интереси.
Македонија тргнува по патот што обезбедува повисок стандард, осигурани граници и припадност во најсилните сојузи во светот. Во интерес на иднината, ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани треба да се приклучат на тој пат, во интерес на државата.
Граѓаните треба да излезат и гласаат ЗА европска Македонија.
Скопје, 30.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА