fbpx

Апсење новинари, лажни анкети, лажни вести, со ДПМНЕ е можно само враќање назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад.

ДПМНЕ за само два месеци на чело на МВР јасно покажа дека има намера да владее со сила, доколку ја добие власта.

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО, апси новинари во обид за замолчување и заплашување откако беше објавена афера за нарачани анкети и лажни вести.

Нервозата во Белата палата на почеток на кампањата се манифестира, не само со примена на сила и обид за замолчување и заплашување новинари, туку и со лажни нарачани анкети и дебати, лажни вести.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа.

Тоа може да го спречат граѓаните, на изборите, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија, за Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски.

Последни вести