fbpx

Повторно се јави ВМРО ДПМНЕ-садистичка, од раскошниот дворец злоупотребува семејни трагедии и лаже

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ скандалозно и без грам почит и сочувство злоупотребува човечки судбини и семејни трагедии и истите ги врзува со непостоечки случаи.

СДСМ изразува длабоко сочувство до семејството и жали за загубениот млад човечки живот.
Како што беше и јавно соопштено денеска, ФЗОМ и надлежните институции ги презеле сите мерки, согласно целосно запазени законски процедури за вакви случаи, со висока итност за лекување. Трагедијата се случила и покрај брзата реакција на институциите.

Загубена, надвор од реалноста и од политиката ВМРО ДПМНЕ-садистичка измислува и најниско лаже, парите не се причина за трагедијата.

Дополнително, ВМРО ДПМНЕ-садистичка зборува за расипништво токму од раскошниот бел дворец, стекнат во време на економски пустош кога граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

Јавните набавки преку кои денеска ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира со јавноста, се јавни набавки што се за хортикултурно одржување и уредување на 20 државни објекти, низ целата државата, опфаќа ангажман на 25 лица, и се однесува на период од 3 години.

Не е тоа набавка на цвеќе.

Граѓаните ќе го ценат ваквото скандалозно, безобразно и садистичко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 23.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести