Соопштение за јавност
Со Тошковски и ДПМНЕ безбедноста на граѓаните се влошува.
Повторно имаме случај на пукање, овој пат во Тетово, од автомобил е пукано во семејна куќа.
Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства, пресметки на криминални групи, опожарени возила, обид за убиство на градоначалник, пукање, во Чаир, сега и во Тетово.
Налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога граѓаните стравуваа за својата безбедност.
ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните.