fbpx

Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје остави сериозни последици, одговорно се работи на санирање на тие штети!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години покажа целосна негрижа за Скопје и скопјани и освен богатење преку криминални проекти ништо друго не презема, денеска лицемерно зборува за проблеми кои всушност се резултат токму за децениска нивна негрижа.

Новата градска власт наследи тотално нефункционален стационар за бездомни животни кој ВМРО ДПМНЕ занесена од желбата за богатеење на фамилијата оставила да биде и дивоградба.

Град Скопје соопшти дека се преземаат активности за решавање на наследниот проблем, набавено е ново возило за заловување, нова опрема, интензивно се работи на процесот за чипирање на домашни миленици итн.

Градоначалникот Шилегов ги санира штетите од криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Се работи на решавање голем број на реални и наследени проблеми на граѓаните, се обновува уништеното зеленило, се садат дрвја, се инвестира во филтри за штетните честички, се ослободува јавен простор за пешаците и велосипедистите, се работи на подобрување на проблемот со паркинзите.

Расипништвото е одлика на ВМРО ДПМНЕ и тоа е минато, Шилегов работи единствено во интерес на граѓаните и скопјани можат да ја препознаат разликата.

 

Скопје, 15.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести