fbpx

Занесена како да се збогати, криминалната ВМРО-ДПМНЕ 11 години не мислеше на Скопје,сега се санираат последиците од штетните политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Состојбата со уличните кучиња во Скопје е создадена токму поради целосната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски не мислеше ниту на Скопје ниту на скопјани. Единствено беше занесена во криминални зделки за богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ преку криминалниот Скопје 2014, жални врби во Вардар, милениумски тркала…

Се потрошија милиони евра пари на граѓаните за криминал наместо да се решаваат реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Скопје.
Новото раководство на Град Скопје и градоначалникот Шилегов наследи нефункционален стационар за бездомни животни, под сите стандарди за хуман третман на животните и без ниту едно исправно возило за заловување на терен.

Состојбата е детектирана направен е акциски план за решавање. Како што соопшти Град Скопје забрзано се работи: вратена е функцијата, набавено е ново возило за заловување улични кучиња, обезбедена е нова опрема, се очекува наскоро да почне и процесот на чипирање на домашните миленици.

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ оставила зградата на стационарот да биде дивоградба, се чека да заврши легализацијата по што ќе се изврши соодветно реновирање. Се работи на наоѓање решенија за основање одржливи стационари за долготраен престој на дел од уличните кучиња, кои ќе работат согласно со законите за хуман однос кон животните.

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека Скопје конечно доби градоначалник кој е посветен на решавање на реалните проблеми на своите сограѓани: се обновува уништеното зеленило, се решаваат проблеми со загадувањето, се ослободува јавниот простор за движење на пешаците и велосипедистите и многубројни други урбани проблеми што се наследени.

Последиците од штетните политики се санираат, проблемите се решаваат во интерес на Скопје и скопјани.

 

Скопје, 14.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести