fbpx

Нарачаната лажна анкета за храбрење на ВМРО-ДПМНЕ го покажува стравот од решителноста на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нарачаната лажна анкета на Институтот за политички истражувања го потврдува стравот на ВМРО-ДПМНЕ од решителноста на граѓаните да изберат светла иднина наместо темно минато.

Овој институт е добро познат за јавноста кога во минатото објавуваше нарачани анкети со предност на ВМРО-ДПМНЕ од 3:1, секогаш кога на Никола Груевски тоа му беше потребно, што потоа беше демантирано од граѓаните на избори.

Медиумите веќе објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институии во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство и тн.

Сите релеванти истражувања на јавното мислење потврдуваат дека СДСМ има многу поголем рејтинг од ВМРО ДПМНЕ. Мнозинството граѓани се за напредок, за иднина, за патот по кој чекори Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Македонија тргна напред и враќање назад нема.

 

Скопје, 14.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести