Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ да си го прочита договорот, Македонија не се брише а македонскиот идентитет ќе биде признаен од целиот свет.
Во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски„ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.
Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш.
Македонскиот јазик станува еден од јазиците НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската Унија.
Што е тоа што на ВМРО-ДПМНЕ му пречи со признавањето на македонскиот идентитет од целиот свет?
Скопје, 14.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА