fbpx

Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО ДПМНЕ не се изјаснува за прашањето за иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заглавена во сопствениот криминал, 11 години војниците, АРМ, интеграциите на земјата, беа заборавени од ВМРО-ДПМНЕ.

Со промената на власта, драстично се смени и односот кон војниците, кон Армијата и нивниот животен стандард. Платите во Армијата се зголемија за прв пат во последните неколку години, се води грижа за животниот стандард на војниците на АРМ, се набавуваат нови униформи, се инвестира во добро опремена и подобро платена армија.

Владата на СДСМ го смени курсот и ја врати земјата на вистинскиот пат. Македонија од земја во изолација се врати на патот на интеграциите и ги исполни стратешките приоритети за членство во НАТО и ЕУ.

Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО ДПМНЕ држи срамни прес конференции, полни со невистини и одбива да се изјасни за иднината на земјата.

Министерството за одбрана и Министерот без ресор, Шапуриќ, во неколку наврати ги демантираа лагите што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги пласира.

Лагите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат нервозата од добиената покана за членство во НАТО, нервоза од промените кои што се случуваат и успехот на Македонија.

Наместо да шири лажни вести ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е за македонската иднина, дали е членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет или останува заглавена во изолација.

Скопје, 11.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести