Соопштение за јавност
Токму криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ допринесе корупцијата да се распространи до невидени размери.
Враќањето на правото и правната држава, неселективната борба против криминалот и коруцијата се императив за СДСМ и ги покажуваат првите резултати.
Цели 11 години криминалот на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно под заштита на институциите. ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше дури и Комисијата за спречување на корупцијата за да го штити нивниот криминал.
Токму криминалот на фамилијата во тие 10 години ја смести земјата во групата на земји коишто имаат сериозен проблем со корупцијата како Сао Томе и Принципе, во извештаите на Транспаренси.
Провизии само за еден пат, фирми на Белизе и рајски шеми за исмпумпување на парите на граѓаните за богатење на фамилијата беше синоним за криминалот цели 11 години.
Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија сега се движи во правец на одговорно, отчетно и транспарентно владеење со почитување на прописите и законите. Владата предводена од СДСМ за само една година станува најтранспарентната Влада во регионот.
Што се однесува до меѓународниот углед, неспоредливо е. Од заробена и изолирана држава, скарана со светот во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, сега Македонија е пријател со сите и пример за демократски промени во интерес на сите нејзини граѓани.
Скопје, 11.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА