fbpx

Што чекаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Ако одговараат пред граѓаните нека се изјаснат за што се, избoрот е иднина наместо небиднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ако одговараат пред граѓаните што чекаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Ајде. Нека излезат пред граѓаните и нека се изјаснат за што се.

Празни фрази од ВМРО-ДПМНЕ со децении наназад граѓаните се изнаслушаа.

Десет години зборуваа за рефендум сега немаат став.

Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се.

За најважното прашање за иднината на државата, за најважното прашање за иднината на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема јасен став.

Македонија нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека има друга алтернатива нека ја соопшти јавно.

На 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет граѓаните.

Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина.

Скопје, 11.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести