„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори
Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на кампањата „Нема откажување од иднината“, за претстојните парламентарни избори.
Со видео обраќање, членот на германската сестринска партија ПЕС, Олаф Шолц, упати јасна порака дека за силна ЕУ е потребен процесот на проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан е ветар во грбот на прогресивните сили во нашата држава, да се обединиме и да сработиме за полноправно членство во ЕУ во следните неколку години.
На настанот, претседателот Ковачевски ќе се осврне на сработеното во изминатиот мандат на Владата предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, но и ќе ги потенцира мерките предвидени во програмата на Kоалицијата за европска иднина. Програма која е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане реалност за нашата европска Македонија.
Јасен е интересот на на оваа кампања, да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни и фер избори. Избори на кој СДСМ и Коалицијата ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука, во Македонија.
Носителите и ко-носители на кандидатските листи за престојните парламентарни листи, луѓе кои се квалитетни, луѓе кои имаат знаење и вештини и што е можеби најважно одлучност и посветеност да работат за доброто на државата и на граѓаните ќе се потпишат на мурал кој ја симболизира порака на Коалицијата за европска иднина: „Нема откажување од европската иднина на Македонија“.
Со ставање на нивните потписи, тие симболично ќе се заложуват дека ќе направат сè да го остварат сонот на многу генерации – Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија.
Обраќањето на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски како и целосниот настан по повод означувањето на почетокот на кампањата за парламентарните избори „Нема откажување од иднината“ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе се емитува во живо и може да се проследи на следниот линк: