Соопштение за јавност
Откако ВМРО-ДПМНЕ го создаде јавниот долг и ги задолжи граѓаните, за прв пат после цели 9 години, во 2017 година јавниот долг бележи намалување. Во 2018 година се задржува на тоа ниво.
Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжија и осиромашија граѓаните. Наследени се обврски од 2 милијарди 114 милиони евра до 2020 година кои треба да се вратат. Тоа се камати и главнини од задолжувањата направени во времето на ВМРО ДПМНЕ.
Токму поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2008 година тој рапидно растеше, за да во 2016 година истиот се дуплира. (Од 23% нa 48% во 2016).
Не е точно тврдењето дека долгот се зголемил за 32 милиони евра. Позајмените средства на денешната аукција се за враќање на долг во истата недела и нето задолжувањето не е 32 милиони како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Оние кои го дуплирале долгот и создале огромни обврски кои сега се враќаат, се трудат да ја излажат јавноста. Сега, кога долгот е ставен под контрола и со него се управува одговорно.
Македонија оди напред, политиките во економијата носат придобивки за граѓаните, стопанствениците и државата и ставаат крај на енормното трошење на државните пари
Граѓаните да бидат спокојни, со домаќинско и одговорно управување со јавните финансии Владата предводена од СДСМ создава услови за враќање на долговите и обезбедување финансиска стабилност, раст и развој.
Скопје, 07.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА