fbpx

Времето на злоупотреби заврши, нема повеќе МВРО-ВМРО, нема бегање од одговорност, ако се утврдат неправилности се преземаат мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните знаат какви се злоупотреби се правеа на сите нивоа во државните институции, вклучително и во МВР, за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Почнувајќи од прикривањето и заштитата на криминалот на фамилијата, незаконското прислушување, злоупотребите и партизацијата на полицијата, па се до претворањето на министерството во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите.

Времето на злоупотреби заврши тоа треба да им биде јасно на сите. Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање или бегање од одговорност.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за споменатиот случај извршени се соодветни проверки а во тек е и дополнително утврдување на сите факти. Доколку се утврдат неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки.

Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ ниту пак може да ја разбере.

 

Скопје, 06.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести