Соопштение за јавност
Поради децениското криминално владеење, партијата што стана најбогата во Европа на грбот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, провизии, наместени тендери и расипништво.
Политички формирани компании и доделување на тендери на фирми блиски до власта беше одлика токму на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.
Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од таквото криминално владеење.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ.
Опозициската партија измислува наводни скандали онаму кадешто ги нема за да го покрие деструктивното работење против македонската иднина. Креираат невистини со цел да ја манипулираат македонската јавност. Компанијата која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја спомена ,ниту земала, ниту ќе земе средства од Фондот за иновации и технолошки развој.
Денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат преку јасно дефинирани и транспарентни критериуми, се обезбедуваат еднакви услови за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар квалитет по најниска цена.
Владата предводена од СДСМ работи отворено, одговорно, штедливо и презема видливи активности за избегнување конфликт на интерес.
Скопје, 06.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА