fbpx

ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше се што можеше да злоупотреби, сега се работи транспарентно, и се постапува доколку има неправилности

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше се што може да се злоупотреби, сите државни ресурси беа ставени во функција исклучиво за богатење на партиските челници и на фамилијата.

Граѓаните тоа многу добро го знаат.

Додека граѓаните 11 години осиромашуваа ВМРО-ДПМНЕ спроведе невиден грабеж. Бројни примери за расипничка, дрска и безобразна злоупотреба на парите на граѓаните и државните институции, почнувајќи од криминалните тендери и јавни набавки, преку криминални шеми за плацеви на Водно, Мајбах очила од 60.000 илјади долари, па се до вртоглави фактури и сметки за ручеци на вработени во УБК со месо од коњ и бизон.

Тоа време на злоупотреби на државните ресурси и на парите на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Сега се работи одговорно, транспарентно и се постапува доколку има било какви неправилности.

ВМРО-ДПМНЕ сака да измислува скандали онаму кадешто ги нема, само за да ги прикрие штетите од нивното деструктивно однесување, против македонската иднина. На опозициската партија треба да и биде јасно дека времето на криминал, корупција и злоупотреби заврши.

Граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразат и нивното деструктивно однесување.

 

Скопје, 06.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести