Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е предавник на националните интереси, кој не знае што сака.
Мицкоски бесрамно условува договор и иден реферндум, со амнестија на криминалите на фамилијата и неговиот ментор Никола Груевски.
Заради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турка Македонија во провалија, да ја турне во изолација и неизвесност. Таквата негова несериозност води кон тоа да останеме сами, изолирани од Балканот и Европа, а неговото бегство од одговорност води кон конфликт, поделби, криминали и неправди.
Но, колку и да се трудат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Македонија е далеку посилна од антидржавното однесување на Мицкоски и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски е осамен, нема да дозволиме неговата изолираност, неговата потреба да го брани криминалот да ја втурне Македонија во нова изолација.
Македонците со своите сограѓани од сите етнички заедници кои живеат во Македонија одат напред, таму кајшто ни е местото, во Европа, во НАТО, рамо до рамо со големите сили.
Како одговорна и државотворна партија, СДСМ заедно со сите политички субјекти кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможи волјата на граѓаните за членство во ЕУ и НАТО да биде целосно испочитувана и реализирана.
Скопје, 24.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА