Соопштение за јавност
Чиста и здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани остануваат врвни приоритети на СДСМ и Владата што ја предводи предводена од СДСМ.
Во таа насока се и изградбата и пуштањето во употреба на пречистителните станици на неколку точки во земјава како дел од проектите финансирани од ИПА програмата.
Во општина Радовиш е пуштена во употреба четвртата пречистителната станица, проект со кој наводнувањето на земјоделските површини ќе се врши со чиста и здрава вода, што е предуслов за производство на здрава храна, а во Радовишката река нема повеќе да се одлеваат отпадни води туку пречистена вода.
Овој проект опфаќа и изградба на нов колекторски систем, како и обнова на канализационата мрежа, а ќе опслужува 25 илјади граѓани во овој регион. Со тоа одиме чекор понапред кон достигнувањето на европските стандарди за здрава и чиста средина и квалитетен живот на граѓаните.
Проектот за пречистителната станица е само дел од бројните проекти финансирани од ИПА програмата којашто во 2017 е со искористеност од 83 отсто што е за двојно повеќе во споредба со минатите години. Тоа е уште една потврда за придобивките на Македонија од евроинтегративниот процес којшто овозможува и отворање на нови фондови и финансирање на проекти што се во интерес на граѓаните и државата. Само во
По Струмица, Кичево и Прилеп ова е четврта пречистителна станица пуштена во употреба, а следува изградба на пречистителни станици и во други општини во државата.
Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и продолжува со спроведување на мерките што овозможуваат здрава и чиста средина, нови капитални инвестиции и повисок квалитет на живот за сите граѓани.
Скопје, 19.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА