Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што масовно ги партизираше институциите и полицијата, а од Министерството за внатрешни работи направи ВМРО-МВРО нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во полицијата.
Официјалните факти јасно покажуваат дека нивото на криминалитет е драстично опаднато во споредба со перидот кога ВМРО-ДПМНЕ управување со МВР. Истовремено зголемен е и бројот на откриени, расветлени кривични дела и поднесени кривични пријави, а се гради и стратешки пристап кон зголемување на безбеднбоста. Сето тоа ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од перидот кога ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше и злоупотребуваше полицијата, денес со процесот на професионализација полицијата е партнер и пријател заштитник на граѓаните којашто работи независно професионално и неселктивно во обезбедувањето на безбедноста и законите.
Скопје, 16.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА