fbpx

Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните го прославија успехот на Македонија а трошоците за прославата се скромни и достапни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ. „Брендот“ на ВМРО-ДПМНЕ како партија којашто само шири лажни вести и нема никаква врска со реалноста се зајакна.

ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека прославата низ 15 градови за поканата за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе чини половина милион евра-излажа!

Владата предводена од СДСМ објави детален и целосен извештај за трошоците за прославата „Одиме напред – Македонија во ЕУ и НАТО“ и конечната сума којашто е јавно достапна изнесува 179.500 евра.
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е навикната да ги пумпа трошоците и да ги штелува сумите, како што тоа го правеше цели 11 години кога безмислосно ги осиромашуваше граѓаните преку криминални зделки и провизии.

За разлика од расипничкото криминално и нетранспарентно трошење на парите на граѓаните за барок, луксуз и споменици од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ работи домаќински, одговорно и совесно.

Посебна нервоза за опозицијата очигледно внесува фактот што хајката на ВМРО-ДПМНЕ и куририте, која се водеше против граѓаните и против музичарите, не успеа.

Граѓаните од целата земја излегоа слободно, без полнење автобуси, без списоци и заслужено си го прославија успехот на Македонија. Со тоа граѓаните ја поддржаа просперитетна Македонија која се обединува и која оди во НАТО и ЕУ.

 

Скопје, 16.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести