fbpx

Мицкоски маршира за спас на криминалот и го валка македонското знаме!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски бесрамно го валка македонското знаме и под превезот на знамето на Македонија маршира за спас на криминалците и одбрана на криминалот. Во очај, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска полнеа автобуси со граѓани и ги принудуваа да го бранат криминалот на опозициската партија.

Додека граѓаните масовно гордо и достоинствено го прославуваат историскиот успех на Македонија, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да го бранат криминалот и да бараат амнестија по секоја цена.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им се важни ниту интересите на граѓаните, ниту иднината на Македонија, нивната единствена политичка мисија е одбраната на криминалот сторен од врвот на партијата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да заборават на каква било амнестија. Целосното расчистување на криминалот и насилството од 27 април е врвен државен интерес. Секој за кој ќе се утврди дека го прекршил законот ќе одговара и за тоа нема никакво пазарање ниту договарање.

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку условувања со амнестија да ја закочат македонската иднина. Граѓаните се цврсто определени за членство во ЕУ и влез во НАТО за европска иднина и не сакаат да се вратат во времето на изолација, поделби и неизвесност.

Македонија оди напред и нема запирање. Граѓаните велат ДА за загарантиран македонски идентитет, велат ДА за влез во ЕУ и НАТО, велат ДА за македонската иднина.

Скопје, 15.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести