Соопштение за јавност
Видео снимката во овој текст објавен на Курир (https://kurir.mk/makedonija/vesti/shamar-za-vladata-od-narodot-ochajna-posetenost-vo-ohrid/) ја разобличува целосно лагата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова не е видео од прославата во Охрид. Тоа може да се види од неколку елементи: прво, позадината на бината, не е брендот од прославата, второ, артистот, во овој случај ди-џеј, воопшто не е од изведувачите на прославата.
Наместо да шират лажни фотографии од други настани, куририте да објават дека со македонската музика вчера прославуваа и членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Полека, но сигурно успехот на Македонија и вредноста на интеграцијата во НАТО и ЕУ ги сплотува граѓаните.
И членовите на ВМРО-ДПМНЕ, иако срамежливо, беа присутни наоколу по плоштадите на вчерашната прослава и го следеа ритамот на музиката со кој се прослави интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.
Скопје, 15.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА