fbpx

Граѓаните го слават влегувањето на Македонија во НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ маршираат во одбрана на криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните ширум земјава го слават историскиот успех, Македонија доби покана за членство во НАТО, има датум за преговори со ЕУ.

Додека граѓаните го слават успехот на Македонија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе маршираат во одбрана на криминалот, со транспаренти за амнестија.

Последиците од 11 годинишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се одразија врз граѓаните, ги осиромашија и задолжија, но и врз темелите на државата и нефункционирањето на институциите. Тоа граѓаните добро го знаат.

Сега Македонија оди напред, ниже победи и граби кон членство во НАТО и ЕУ. Доаѓа време на подобар живот за сите, време на безбедност, сигурност, стабилност, повеќе инвестиции и поголем раст на економијата.

Нема враќање назад во времето на ВМРО-ДПМНЕ, во црното минато на криминал, корупција, меѓународна изолација, осиромашување и уништување на државата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија за криминал нема да има.

 

Скопје, 15.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести