Соопштение за јавност
Македонија конечно доби покана да стане земја членка на НАТО Алијансата, доби датум за почеток на преговори со ЕУ и шанса да стане дел од европското семејство.
Остварувањето на историскиот успех на Македонија и нејзините граѓани претставува остварување на врвните стратешки цели кои се од национален интерес, поставени уште од осамостојувањето. Македонија да биде стабилна, безбедна, сигурна и напредна држава, цел за која се залагаа претходните влади и парламентарни состави но и цел на нашите генерации.
ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да каже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Залудно се обидите на ВМРО ДПМНЕ да ја извртуваат реалноста. Реалноста е таа дека македонскиот идентитет и јазик се обезбени. Иднината на македонските граѓани е обезбедена.
Со членството во НАТО земјата добива загарантирана безбедност и сигурност, влез на нови инвестиции, нови работни места и подобар живот на сите граѓани во Република Македонија.
Македонските граѓани го препознаваат успехот кој се постигна и го препознаваат патот кон ЕУ и НАТО.
ДА за влез во НАТО! Да за почеток на преговори за членство во ЕУ! Да за македонската иднина!
Скопје, 13.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА