Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.
Економските успеси на Владата предводена од СДСМ се успеси на сите граѓани, на целокупната економија.
Токму денеска беше потпишан договор за државна помош со една американска компанија, со почетна инвестиција од 4 милиони евра и околу 300 нови вработувања, со проекција да достигне до 11 милиони и 600 вработувања.
ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да донесе сериозни, стабилни странски инвестиции, но наместо тоа најбогатата партија во Европа реши да потроши стотици милиони евра пари на граѓаните за скапи реклами, роуд шоуа и кампањи коишто не го донесоа посакуваниот ефект.
За разлика од таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ спроведе низа мерки што овозможуваат еднакви услови за нови странски и домашни инвестиции.
Како резултат на успешните економски политики, само во првиот квартал во 2018 година во Македонија се регистрирани инвестиции од рекордни 235 милиони евра, што е повеќе отколку за цела 2017 година.
ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да шири лажни вести и измислици. Граѓаните ги чувствуваат придобивките од економските политики на Владата предводена од СДСМ што обезбедуваат раст на платите, намалена невработеност и зголемени странски инвестиции.
Скопје, 13.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА