Соопштение за јавност
Само ако ги почитуваме либералните вредности на еднаквост, солидарност и почитување на разликите ќе изградиме држава која ќе биде добра за сите. Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности, истакна коносителката на изборната листа во ИЕ 1, претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова.
За учениците и студентите, за младите, за работниците, за стопанствениците, за пензионерите, за мажите, за жените. За сите, затоа што секој еден е важен. Нема откажување од иднината! Победа во изборна единица 1!, порача претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова, од големиот митинг на СДСМ и Коалицијата.