Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по масовната партизација на институциите и по злоупотребата на полицијата, секојденвно пласира измислици и невистини.
Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за притисоци, уцени и злоупотреби во Министерството за внатрешни работи. Тоа не е вистина.
Како што јавно објави МВР сите процедури за распоредување на вработени се спроведуваат според постапка утврдена со Законот за внатрешни работи и другите подзаконски акти.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заврши времето на МВРО-ВМРО и злоупотребата на полицијата во лични и партиски интереси.
Со реформскиот процес по промените, полицијата се професионализира, се опремува, делува неселективно и се развива како вистински пријател-заштитник на граѓаните.
Скопје, 04.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА