fbpx

Здравата животна средина е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ, пуштена во употреба најголемата пречиститиелна станица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на обезбедување чиста и здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани

Во општина Прилеп беше пуштена во употреба досега најголемата пречистителна станица за третман на отпадна вода којашто ќе опслужува околу 95.000 граѓани.

Пречистителната станица во Прилеп ќе ги третира и прочистува отпадните и канализациски води, со можност од нив да се произведува биогас. Пречистената вода ќе се враќа во градската река. На овој начин се заштитиува и унапредува животната средина и здравјето на граѓаните. Граѓаните на Прилеп ќе можат да конзумираат чиста храна, наводнувана со чиста вода, одгледувана во чиста и здрава животна средина.

Проектот за пречистителната станица е само дел од бројните проекти финансирани од ИПА програмата и е уште една потврда за придобивките на Македонија од евроинтегративниот процес којшто овозможува и отворање на нови фондови и развојни линии за финансирање на проекти што се во интерес на граѓаните и државата.

По Струмица и Кичево, ова е трета пречистителна станица пуштена во употреба, а следува изградба на пречистителни станици и во Тетово и Битола, Штип, Кочани и други општини во државата.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и продолжува со спроведување на мерките што овозможуваат здрава и чиста средина, нови капитални инвестиции и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

 

Скопје, 04.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести