Соопштение за јавност
Коносителката на листата на пратеници на Изборна единица 4, Јованка Тренчевска денес од граѓанскиот централен митинг посочи дека ќе продолжи посветената работа за издигнување на системот за социјална правда на европско ниво.
„Нема откажување од иднината за социјална правда системот ќе го издигнеме на европско ниво за повеќе и подобро за сите најавуваме отворање на нови градинки, ќе ги зголемиме правата од социјална и детска заштита, ќе ја унапредиме програмата за Гаранција за млади со која ќе опфатиме 35.000 млади нови лица. Другари и другарки ќе работиме фокусирано во наредните 4 години и на заштита на правата на жената и на унапредување на родовата еднаквост. Изборна единица 4 не се откажува од иднината“ истакна Тренчевска.