Соопштение за јавност
ВМРО ДПМНЕ партијата којашто 11 години го погазуваше достоинството на земјдоделците, и денес како опозицција продолжува да манипулира и да си поигрува со маката на земјоделците кои претрпеа загуби од ланските временски непогоди.
Класична манипулација се тврдењата на ВМРО ДПМНЕ дека обештетувања се исплаќаат од 600 до 900 денари за декар, затоа што земјоделците не аплицираат само за еден декар туку за сите расположливи површини погодени од временските непогоди кои се мерат во хектари.
ВМРО ДПМНЕ треба да знае дека 1 декар е помала единица мерка од 1 хектар.
Владата предводена од СДСМ во најбрз можен рок ја откочи целата процедура за исплата на обештетувањата што ја наследи од ВМРО ДПМНЕ. Досега се исплатени околу 3.3 милиони евра, исплатата се врши неселективно и тековно и комплетно ќе бидат исплатени сите 17.500 баратели кои претрпеле штети врз земјоделските посеви.
За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги понижуваше, малтретираше и уценуваше земјоделците, Владата предводена од СДСМ спроведува реални и конкретни мерки за унпаредување на земјоделството и гради партнерски однос со земјоделците и сите други чинители во земјоделскиот сектор.
Скопје, 29.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА